КОЧО има нешто да Ви каже за цената на струјата

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Станува се поизвесно дека струјата ќе поскапи. По Нова година цената на струјата ќе расте, потребно е да им се помогне на најранливите граѓани, тврди поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

Вели дека не треба да се надеваме цената на струјата на светските берзи ќе се врати на нивоата од околу 50 евра, како што беше во изминатиот период. Анѓушев смета дека таа ќе се стабилизира некаде во опсегот од 100 до 150 евра за мегават, што пак, ќе значи дека крајната цена за потрошувачите секако ќе се зголеми.

„Политичка одлука е колку ќе се заштити, но може да се заштити до таму да не се уништи Електростопанство на Македонија. Дури ЕСМ да дава електрична енергија и по нула денари, само увозната компонента, кога ќе се направи просек, таа повторно би била повисока од сегашната“, изјави Анѓушев за ТВ 24 во емисијата Студио 10.

Изјави дека ние како држава ќе ја делиме ценовната судбина на Европа. Не очекува вонредна енергетска криза, а според Кочо, владата на Заев закасни со донесување на Уредбата за таа намена.