
СЕЛА тресе зелени
Лидерот на Албанска алијанса Зијадин Села никако да излезе од етнонационалистички филм. Според него Албанците се во опасност во Македонија затоа што нема да бидат реално попишани на пописот, а особено поради фактот што целиот свет прави јасна дистинкција помеѓу резидентно и нерезидентно население во земјата.
Очигледно ништо не му е јасно на Зијадин Села. Од една страна тој тврди дека правата на Албанците не треба да зависат од процентот на нивната застапеност во вкупната популација во земјава, а од друга страна трвди дека под вкупна популација треба да се подразбира и резидентно и нерезидентно население, зашто ако не било така, Албанците ќе изгубеле од правата.
Според Села, во Македонија Албанците немаат права кои им се гарантирани, дека се е на празни зборови, особено треба да се утрдат дефинициите за албанскиот јазик. Дали Села живее во друга Македонија?