ДОБРО УТРО од аматерката со мајмуни од власта

Добро утро

Мајмуни од власта

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

“Банана” држава е синоним кој се користи за држави кои се политички нестабилни и хаотични. Јас би рекла држава во која има “лизгав” живот! Мајмуните (читај власта) откако ќе ги изедат бананите, ги расфрлаат лушпите насекаде и предизвикуваат “лизгав” живот на граѓаните.

При обавување на секојдневните обврски им треба голема среќа да не наидат на некоја лушпа. Среќа е да стигнат до некоја институција и да не наидат на лушпа за да можат да завршат некоја работа. Најчесто се расфрлани онаму каде што граѓаните треба да остварат некое свое право. Најлизгаво е кога тргнуваат да бараат работа во некоја државна институција, ретко кој може да се снајде.

Но мајмуните точно знаат како да се избегнат лушпите, па така на тие што милуваат претходно ги предупредуваат каде да стапнат. Учениците исто така ” падни-стани” некако ја завршуваат учебната година. Приватните компании секојдневно се молат да има помалку лушпи од претходниот ден, со надеж дека се веќе сити мајмуните!

Најмногу среќа е потребна во здравството. Таму е вистинско лизгалиште. Е за таму е потребна соодветна опрема за да се стигне до вистинското место. Но таа опрема не секој може да ја има. Потребно е да го познаваш вистинскиот мајмун за да успееш!

И така, за секаде си постои по некој главен мајмун кој точно знае каде има чист терен за безбедно движење и има ексклузивно право да определи кој може да се движи по истиот. Со вака строго контролирано движење мајмуните се чувствуваат безбедно. Излизганите, повредени и исплашени се помалку можат да ги чистат лушпите и губат надеж. Никако да им текне дека треба да ги исчистат мајмуните!