
СМЕШНО: Бугарија плаче, ја притискале за Македонија
Претседателот на Бугарија Румен Радев, кој учествува на Бледскиот стратешки форум, изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци ќе продолжи да се зголемува за, како што рече, темата Република Северна Македонија. Самите си направија проблем, а сега плачат поради тоа.
Очекувањата за компромис растат, бидејќи во последните години односите со Скопје се во ќорсокак и Бугарија остана изолирана – објасни Радев за БНТ.
Бугарскиот претседател отворено признава дека Бугарија е сама во нејзините небулозни барања кон Македонија и дека трпи огромен притисок од САД и ЕУ веднаш да го тргнат ветото за почеток на преговорите.
Според него, Резолуцијата која во јули беше изгласана во Парламентот во Македонија го зацементира неспроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година.
Во исто време заборава дека истиот тој договор беше суспендиран токму од Резолуцијата донесена во бугарскиот парламент во 2020 година, а не во македонскиот.