Општина Битола со две спортски активности во рамки на Европската недела на спортот

Uncategorized, Македонија

Во наредните два дена во Битола ќе се одржат два спортски настани во рамките на Европската недела на спортот од 23 до 30 септември.

Утре ( среда ) 23 септември 2026 година со почеток во 10:00 часот ќе се одржи турнир во футсал на стадионот со вештачка трева „Петар Упалевски-Упале“, а промотори се фудбалери и фудбалерски од ФК и ЖФК „Пелистер“.

В четврток на 24 септември 2026 година во градскиот парк во Битола ќе се организира есенски крос со ученици од основните и средните училишта од Битола со почеток во 10:00 часот.

Европската недела на спортот (EWoS) е иницијатива на Европската комисија со цел да ја поттикне физичката активност, рекреацијата и здравиот начин на живот кај граѓаните од сите возрасти. Националниот координативен орган (НЦБ) со гордост ја имплементира оваа кампања преку бројни настани, активности и истражувачки процеси ширум земјата.

Организацијата е на Министерството за спорт со поддршка на Општина Битола, а кофинансиран од Европската унија.