Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани
Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.
Според Проданоски, делницата се обновува по 50 години. Со поставувањето нов асфалт ќе се подобрат условите за сообраќај и ќе се олесни пристапот на жителите на двете населени места до регионалниот пат.
„Продолжуваме со инвестиции во патната инфраструктура и подобрување на условите за живот во сите населени места“, порача Проданоски.
