Сончев и жежок ден, попладне невреме со силен ветер и град

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме, со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 32 до 36°C.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме, со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 19°C, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.