ПОДДРШКА ЗА МЛАДИТЕ ВО НАУКАТА: Целосно финансирање за учениците на меѓународни олимпијади, најави Јаневска
Околу 30 ученици во текот на минатиот и овој месец ја претставувале Македонија на меѓународни научни олимпијади, а сите трошоци за нивното учество ги покриле Министерството за образование и наука и Владата, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Во објава на Фејсбук, Јаневска информираше дека учениците биле испратени на натпреварите без нивните семејства да се грижат за патните трошоци и котизациите.
„Околу 30 ученици биле испратени минатиот и овој месец да ја претставуваат нашата земја на меѓународни научни олимпијади, без грижа за нивните семејства дали ќе можат да ги покријат трошоците за патување и котизација.“
Таа посочи дека Министерството за образование и наука и Владата втора година по ред целосно го финансираат учеството на учениците.
