Версаче и златен крст: Благица Павловска ги изненади сите (ФОТО)

Забава, Сцена

Македонската фолк ѕвезда Благица Павловска повторно привлече внимание на социјалните мрежи.

Овојпат, не со нова песна, туку со модниот избор и селфито што предизвика бројни реакции.

Пејачката позираше во интересен стајлинг, комбинирајќи луксузен моден детаљ, очилата Версаче, со впечатлив златен крст со кој дополнително го комплетираше целиот аутфит.

Насмеана и во одлично расположение, Благица направи селфи кое брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Коментарите не изостанаа, а многумина го пофалија нејзиниот стил, харизма и самодоверба.

Со ова модно издание, Павловска уште еднаш покажа дека знае како да биде во центарот на вниманието и дека секогаш успева да ги изненади своите обожаватели со интересен и впечатлив изглед.