УДАРНА ВЕСТ: Двајца министри ја напуштаат владата на Мицкоски!?
Вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи најверојатно ќе ја напушти Владата, откако премиерот Христијан Мицкоски јавно потврди дека Фетаи му соопштил оти не се гледа во иднина како дел од извршната власт и планира да ја продолжи својата кариера во Брисел.
Според изјавите на Мицкоски, Фетаи веќе извесен период размислувал за повлекување од владината функција, а како причина се наведува неговата професионална определба кон европските институции и меѓународниот ангажман.
Во меѓувреме, во јавноста се појавија информации дека Фетаи подолг период не бил активен во владините активности, што дополнително ги засили шпекулациите за неговото заминување.
Покрај Фетаи, во политичките кругови сè почесто се споменува и името на министерот без ресор Фатмир Лимани. Иако засега нема официјална потврда дека ќе ја напушти Владата, неговата позиција се доведува во контекст на најавената реконструкција на владиниот кабинет.
Премиерот Мицкоски неодамна изјави дека во текот на мај и јуни ќе се разговара за можни кадровски промени и освежување на владиниот тим, при што не ја исклучи можноста за промени и на одредени министерски и вицепремиерски позиции.
Доколку најавите се реализираат, заминувањето на Фетаи и евентуалните промени поврзани со Лимани би претставувале дел од пошироката реконструкција на Владата, која според најавите треба да донесе нова енергија и поефикасно функционирање на институциите.
Засега останува да се почека официјалната одлука и евентуалното соопштување на новите кадровски решенија од страна на Владата.
