Мајката на Лука одлучи да биде погребан во костумот што требаше да го носи на својата матурска

Хроника

Жителите на малото место Дрниш во Хрватска се во шок, а целиот град е завиен во црно по свирепото убиство на Лука Миловац.

Лука имаше само 19 години, а неговиот живот згасна во саботата навечер кога беше брутално усмртен од Кристијан Алексиќ (50), и тоа додека чесно си ја извршувал својата работа – доставувал храна.

Наместо следната недела со гордост и насмевка да ја слави својата матурска вечер со врсниците, неговото семејство сега го подготвува неговиот погреб.

Погребот ќе се изврши денес на гробиштата Свети Иван во Дрниш, а семејството ја донело најтажната можна одлука – Лука да биде погребан во костумот што му бил купен и наменет за матурската забава.

Во целиот град владеат шок, неверување и огромен гнев кон системот:

„Едно предобро и превредно дете, работеше за да не ги оптоварува родителите“, велат за медиумите блиски до ужаленото семејство.

„Работеше за викендите со достава само за да не им биде на товар на своите родители“, изјави Андријана Џигиќ, инструкторка по возење кај која Лука неодамна го положил возачкиот испит.

„Едно толку драго, мило и благородно дете. Беше желен за учење, знаење и чесна работа, исклучително вреден“, вели таа низ солзи за хрватските медиуми.