Тоневски: Почна асфалтирањето на патот кон село Кундино

Македонија

Започна асфалтирањето на патниот правец до село Кундино, каде денес се поставува првиот – порамнителен асфалтен слој, како дел од проектот за целосна реконструкција на патната инфраструктура.

Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски информира дека проектот опфаќа реконструкција на пат во должина од 1.427 метри и ширина од 3,5 метри, со изградба на пропусти и одводни канали, проширување на мостот и поставување на два нови асфалтни слоја.

По завршувањето на првиот слој, во наредните денови ќе следува и финалниот асфалтен слој, со што, како што се наведува, патот ќе добие целосно нов и побезбеден изглед за жителите и посетителите.

 

За реализација на проектот се обезбедени 7.081.310 денари од Министерството за транспорт, додека изведувач на работите е „Коле-Транс Инжинеринг“.