Од улиците на Оксфорд до Македонија: Влатко Јакимов и „Емигранти“ фрлија музичка бомба – „Мишо“ експлодира уште на прво слушање (видео)

Македонија, Сцена

Штипјанецот Влатко Јакимов и групата „Емигранти“ денес ексклузивно го промовираа својот нов музички проект „MI60“ и уште на прво слушање покажаа дека Македонија доби нов заразен хит што лесно влегува во уво и долго се памети. Песната „Мишо“, проследена со впечатливо аудио-визуелно видео, носи силна емоција, модерна енергија и атмосфера што ги обединува луѓето без разлика каде се наоѓаат.

Проектот е реализиран на повеќе локации ширум светот – од улиците на Оксфорд и Бичестер, па сè до Торонто, Њујорк, Скопје, Штип, Радовиш, Базел, Карлсруе и Ашерслебен. Токму таа разновидност му дава посебна динамика и испраќа јасна порака дека музиката нема граници и дека добрата енергија може да ги поврзе луѓето од различни градови, држави и култури.

„MI60“ е создаден со многу страст, искрена емоција и поддршка од бројни пријатели и соработници, а резултатот е проект што изгледа светски, а во себе носи искрена и реална приказна. Без вештачки ефекти и лажен сјај, видеото плени со природна атмосфера, урбан ритам и кадри што оставаат впечаток уште при првото гледање.

Со „Мишо“, Влатко Јакимов и „Емигранти“ уште еднаш покажаа дека кога музиката се создава од срце, таа лесно станува блиска до публиката и се претвора во незаборавно музичко доживување.