Променливо време со дожд и грмежи: За викендот силен ветер и нестабилност

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m 2 ), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.