Тоневски: Пробиштип гордо ја негува културата и фолклорот

Македонија

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на отворањето на 24-та Регионална ревија на песни, музика и игри „Пробиштип 2026“, организирана од Здружението на пензионери од Пробиштип.

Тоневски истакна дека организацијата на ваков настан е доказ дека годините не се пречка за активен и исполнет живот, туку можност за дружење, негување на традицијата и културните вредности.

 

 

„Вие пензионерите сте пример за мудрост, истрајност и љубов кон традицијата, културата и заедништвото“, порача Тоневски.

Тој додаде дека Општина Пробиштип и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите манифестации кои ги зближуваат луѓето и создаваат убави спомени за сите генерации.

На ревијата учествуваат пензионерски здруженија и културно-уметнички друштва од повеќе градови, а посетителите имаат можност да уживаат во богата музичка и фолклорна програма.