Пристигна убава вест: Ќе се зголемуваат платите на овие вработени

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

По неколку години без важечки договор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потпиша нов Колективен договор со синдикатите, со кој се предвидува постепено зголемување на платите и подобрување на условите за работа.

Договорот го потпиша министерот Цветан Трипуновски заедно со синдикалните претставници, при што е најавено дека зголемувањето на платите ќе се реализира во наредните три години.

Од Министерството информираат дека со договорот се унапредуваат правата на вработените и се создава посигурна и пофер работна средина. Со овој чекор, како што се наведува, се става крај на периодот на неизвесност и се поставува основа за подобри работни односи во ресорот.