Погледнете како денес изгледа Раде Рогожаров: Направи хаос во Канал 5 (ВИДЕО)

Забава

Вчера, (18. Февруари) беше навистина весело и распеано во утринската програма „Здраво Македонијо“. Меѓу неколкуте гости и познатиот македонски театарски, филмски, телевизиски глумец и музичар, штипјанецот Раде Рогожаров.

Познат по својот ведар дух и позитивна енергија, Рогожаров навистина направи позитивен хаос од рано наутро во студиото на Канал 5 телевизија. Без насмевка на лицето не остана буквално никој од присутните, а Раде на водителите им изнуди дури и солзи предизвикани од смеа.

На песната и беше даден повеќе простор одошто на зборувањето, па на ред од утринскиот музички репертоар на веселиот Раде дојде и „Ерген одев“, иако во студиото ергени, немаше. Реакциите на социјалните мрежи и повеќе од позитивни и такви дека вака весело, убаво би било да биде секој ден, особено со добро избрана екипа.