ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство
Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и да развиваат одржливи и иновативни земјоделски практики – создавајќи професионалци со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите.
Првиот проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини„ е реализиран во соработка со Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia, кадешто на 02 декември 2025 година беше отворена првата „АгроЕкоСтаница за зелени вештини” – технолошка иновација која претставува важен чекор кон воведување на паметни-smart решенија во земјоделството и можност за континуирана практична обука за идните „Еколошки агротехничари“.
АгроЕкоСтаница за зелени вештини ќе претставува современа платформа во склоп на центарот за обука што ќе овозможи развивање на компетенции за еколошко и рационално управување со земјоделските ресурси преку практична работа со современи дигитални алатки:
– Пристап до податоци во реално време и применa на еколошки мерки за заштита на културите и обновување на биолошкиот диверзитет кој ќе доведе до контролирана употреба на заштитни средства (пестициди и хербициди), минерални ѓубрива и рационално користење на вода за наводнување.
– Препознавање и превенција на ризици како суша, болести и штетници преку дигитални предупредувања.
– Поддршка за одржливи и ефикасни земјоделски практики.

Oсновната цел на ЗК Пелагонија е да ја доближи најсовремената технологија до локалните земјоделци , ученици, студенти и сите заинтересирани, градејќи заедница која се развива преку знаење, иновации и практична примена.
оваа иницијатива, Пелагонија продолжува да се позиционира како регион што го следи европскиот пат на модернизација и дигитализација во земјоделството.

Полињата на ЗК Пелагонија стануваат отворена книга – реален простор каде идните агротехничари, студенти и земјоделци ќе учат, иновираат и применуваат зелени вештини во реални услови – пример за одржливо и модерно
Нашиот прв проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини„ е успешно реализиран и сме особено задоволни што пред многу млади ги покажавме придобивките од воведување на паметни-smart решенија во земјоделството и како се постанува професионалец со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите и животната средина.
Голема благодарност до Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци, Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила и Општина Битола – официјална страница за нивното присуство и поддршка за заедничко залагање за реализирање на понатамошни обуки за зелени вештини кои ќе бидат од големо значење за локалните заедници.
