СКАНДАЛ: Бyгapиja замешана во дpжaвниoт yдap од 27ми aпpил

Балкан, Македонија

Дали истрагата за државниот удар од 27ми април во Македонија се проширува? Сега кога сите очекуваа таа да биде затворена, со пресудите за организаторите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Трајко Вељановски, информациите говорат дека се отвара меѓународната позадина на настанот.

Меѓународната истрага има сознанија дека Pycиja стои зад државниот удар во Македонија, како последен очаен обид да се спречи влез на Македонија во НАТО и ЕУ. За таа цел Pycиja искористила „агентура“ од Србија, но пред се од Бугарија. Информациите говорат дека официјалната српска служба БИА била посматрач на настанот, употребена од македонски разознавач, со цел да се покрие бугарската линија.

До сега се веруваше дека само „Србите“ имаат замешано прсти во тој настан. Но истрагата покажува поголема меѓународна позадина. Главен играч на Pycиja за Балканот е Бугарија, па оттука сосема очекувано беше да се појави бугарската улога во овој настан.

Бугарските оперативци на терен откриваат трага

Македонските институции сеуште се обидуваат да откријат кој стои зад државниот удар во земјава од 27ми април, кога „граѓаните“ влегоа во Собранието со цел да спречат создавање на нова влада. Објавени се низа информации, вистини и полувистини, но секогаш осомничени се структури на соседна Србија.

Во критичниот момент во Собранието беше српскиот разузнавач Живајлевиќ, кој после скандалот беше итно евакуиран од Македонија од страна на Претседателот Вучиќ. Тој во Собрание беше заедно со руските инсталации во македонските безбедносни служби, пред се со лицето Синиша Алексовски, советник за национална безбедност на претседателот Иванов, денес отпуштен од работа од Агенција за разознавање, поради антидржавни активности.

Но сликата за организаторите на државниот удар во Македонија, зад кого се смета дека стои Pycиja, беше нецелосна. На почеток се дозна дека насилниците беа финасирани од еден руски „бизнисмен“ во Македонија, преку еден „спортски“ директор од екипата на поранешната власт на Никола Груевски. Но сепак вниманието беше насочено кон Србија и нејзините инсталации во земјава.

Секогаш кога најмалку се очекува, локалните кодоши или агенти прашинари, ќе се покажат самите и ќе ја дадат трагата. Бугарија во последен период се обидува да создаде слика на малтретирани Бугари од Македонија, како оправдување на бугарското вето за влез во ЕУ. Најчесто во ситните работи стои вистината. Во недостаток од доволен број Бугари од Македонија, кои сакаат да играат таква расипана улога на бугарските власти и тајни служби, беа приморани да употребат свои локални агенти прашинари.

Централна улога им се даде на т.н. Културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола, создаден од удбашките структури во земјава, под палката на агентот Видојка Боева. Тие „агенти провокатори“ од Македонија, по бугарските медиуми истакнуваат како се малтретирани од македонската држава и како се жртви само затоа што се чувствувале Бугари. Тие „агенти“ беа примени на највисоко ниво од државниот врв на Бугарија, на чело со претседателот Румен Радев.

Се до тука е очекувано од бугарските слепи политичари и во рамки на нормалното. Но доколку се провери кој стои зад тој бугарски клуб во Македонија, особено кој го финансирал и чии кацеларии користеле во Битола, веќе клопчето се одврзува. Тоа бил бугарскиот козул во обид, македонски олигарх за кого има сомнеж дека им платил на „Бугарите“ за таа номинација, особено бил мотиватор за бугарското вето и за „малтретираните бугари“ како него, носител на бугарско државјанство. Информациите говорат за тоа дека парите во Бугарија ги примиле извесни „советници“ на Бојко Борисов и сопруг на една позната бугарска министерка со антимакедонски ставови.

Како се случува истиот олигарх да „финансира“ бугарски политичари и бугарски здруженија во Македонија, а да биде толку близок до Никола Груевски и Сашо Мијалков, кои беа обвинувани дека го организирале државниот удар од 27ми април? Истрагата се проширува и на членови на тоа здружение и нивната поврзаност со самиот државен удар. Главна улога во тоа здружение имаат извесни Љубчо Георгиевски и Ѓорѓи Црномаров. Навидум обични граѓани на Македонија, без никави црни дамки. Но прашањето е како токму нив ги мобилизирала агентот на УДБА Видојка Боева и кума на лидерот на бугарското ВМРО Каракачанов.

Веднаш се открива дека зад нив стои контроверзниот потпретседател на ВМРО ДПМНЕ од раните деведесетти години, господин Димитар Црномаров, личен соработник на господин Каракачанов. Тој е кадар на МВР и на службите, задолжен за афери во опозицијата во минатото. Веројатноста да се координирани од ист УДБА центар со Видојка Боева е огромна. Црномаров е сеуште активен во политиката, особено во позадински игри во ВМРО ДПМНЕ, и за време на новиот лидер Христијан Мицкоски.

Политичките активности се легални во земјава, без да бидат предмет на дополнителни анализи. Но што правеле тие малтретирани бугарски момци од Македонија, пред да го основаат бугарското здружение. Тие биле дел од познатите МПЗ (македонски патриотски здруженија) организирани од шефот на УБК Сашо Мијалков, кои имаа клучна улога во организирање и спроведување на државниот удар. Истрагата покажува нивна блиска соработка со службите на тајната полиција, познати како „агенти на Сашо“, а биле употребени и за растурање на т.н. реформаторско крило во ВМРО ДПМНЕ. Упатени да се приклучат на реформаторите и од внатре да го растурат движењето. Таа улога за растурање на реформаторите од секогаш ја имал шефот на УБК, Сашо Мијалков.

Веќе се доаѓа до кулминација на истрагата, кога се дознава дека истата екипа малтретирани бугари од Македонија, биле најблиски со руското крило на ВМРО ДПМНЕ, раководено од Антонио Милошоски, сеуште еден од лидерите на партијата. Нивната pycka врска е всушност бугарската агентура во земјава, задолжена за уништување на македонската држава, а пред се за спречување за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Токму од таа екипа и потекна идејата за македонската Резолуција, со која се стави крај на патот на Македонија кон ЕУ, а промовирана лично од Антонио Милошоски.

Тие малтретирани момци од Македонија, биле дел од акипата на осудениот и затворен Ангелов – Ќосето, за насилствата од државниот удар од 27ми април. Господин Ангелов се сомничи за главен организатор на МПЗ нападот врз Собранието под наредба на 8миот кат на палатата на ВМРО ДПМНЕ. А со него во таа акција била „бугарската екипа“!

Оваа екипа бугарски „оперативци“, била во собрание во клучниот момент на државниот удар врз Македонија, заедно со српскиот разузнавач Живајлевиќ и „рускиот оперативец“ Алексовски. Така логично доаѓаме до прашањето, дали зад државниот удар во Македонија стои официјална Бугарија и бугарските служби? Дали за ова се информирани Радев и компанија или и тие се дел од предходната крими екипа на Борисов?

Истата екипа под организација на конзулот во обид, продолжува со приватни средби и журки со „чесната“ антимакедонска министерка Захариева, за време на последните месеци во Пазарџик во Бугарија. Информациите говорат дека од страна на Бугарија веќе им се дадени и возила на располагање. Дали со тоа Бугарија покажува дека останува зад учесниците во државниот удар во Македонија?

Здружението „Иван Михајлов“ од Битола, основано од тајните служби со поддршка на агентот на УДБА, Вида Боева, упорно се користи за нови удари врз македонската држава. Основна цел на здружението е да создава меѓудржавни тензии помеѓу Македонија и Бугарија, особено да биде претставувано како бугарска жртва од недемократската Македонија. Тоа здружение застана зад ветото за Македонија и често се користи за бугарска антимакедонска кампања во земјава, но и во Бугарија.

Според нашите информации, кога истрагата ќе заврши, ќе биде преземена акција за сузбивање на оваа pycko – бугарска разознавачка келија во земјава.