Општина Битола организира јавна презентација и стручна расправа за урбанистичките планови

Uncategorized, Македонија, Политика

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СТРУЧНА РАСПРАВА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ЈАВНА РАСПРАВА по Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 – (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола

Вкупната површина на планскиот опфат, што се применува при изработка на Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 – (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола изнесува 15.12 ha.
Границите на планскиот опфат се следните:

  • Исток – по граница на катастарска парцела – КП 1382/1 и КП 19245/3 КО Битола 5
  • Југ – по осовина на улица „Новачки пат“
  • Запад – по осовина на постоечка улица „Прва“ и улица “Димитар Робев”
  • Север – по осовина на постоечка улица “Димитар Робев”