Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ влезе во елитното семејство Label France Education

Uncategorized, Македонија, Политика

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ освои значајно меѓународно признание од француското Министерство за Европа и надворешни работи, во година кога училиштето одбележува две децении француско-македонски двојазични паралелки.

На јубилејната свеченост во Офицерскиот дом, францускиот амбасадор Н.Е. Кристоф ле Риголер го додели угледниот бренд Label France Education, со што гимназијата стана дел од мрежата на светски образовни институции кои нудат висококвалитетна франкофонска двојазична настава.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој доби благодарница за неговата континуирана поддршка во унапредувањето на наставниот процес и развојот на образовните програми во училиштето.

 

Свеченоста беше збогатена со презентација на 20-годишното искуство и постигнувањата на гимназијата во интегрирањето на францускиот јазик во наставата, а присуствуваа и почесната конзулка на Франција, како и бројни претставници од образовниот, културниот и јавниот живот на Битола.