
Меџити го започнува проектот за целосна реконструкција на улица Чаирчанка
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, соопшти дека Владата обезбедила финансиски средства за целосна реконструкција на улицата почнувајќи од крстосницата кај „ЛПК“ па се до паркингот на комплексот „Чаирчанка“.
Според Меџити, оваа инвестиција ќе го олесни сообраќајот, ќе ја подобри инфраструктурата и значително ќе го зголеми квалитетот на живот на жителите од овој дел.
„Сум покрај вас за да обезбедам секоја потреба на граѓаните да се претвори во конкретни резултати. Ова е само почеток, Чаир има потреба и заслужува многу повеќе, а заедно ќе го направиме тоа реалност. Со дела, не со зборови. Со граѓаните, за граѓаните,“ изјави Меџити.
Овој проект се смета за важен чекор кон модернизација на инфраструктурата во Чаир и доказ за ангажманот на првиот заменик-претседател на Владата Изет Меџити да биде покрај граѓаните со конкретни дела.