ВЛЕН: ДУИ е главен двигател на српското влијание во Македонија

Uncategorized

Скопје, 14 август – „ДУИ со години е клучен политички партнер на структури кои ја промовираат идејата за „српскиот свет“ во Северна Македонија. Нивната улога не е случајна, туку е целосно намерна, систематска и штетна за државните интереси.

Влезот на М-ТЕЛ на домашниот пазар се случил во време кога сите клучни министерства за економски и финансиски сектор биле под контрола на ДУИ. Без нивната политичка поддршка, државната српска телекомуникациска компанија не би добила лиценца и пристап до стратешката комуникациска инфраструктура.

Исто така, обидите за продор на српски и црногорски капитал во онлајн казина биле реализирани под целосен покровителство и поддршка на министрите од ДУИ во минатата влада. Доколку не се случеше промена на власта, овој српски инвестициски проект веќе ќе беше реалност.

 

Контактите на Али Ахмети и Бујар Османи со режимот на Александар Вучиќ, лично и преку неговите министри, резултирале со политички и економски договори во корист на Белград, а на штета на интересите на Македонците и Албанците.

Бујар Османи, како претседавач на ОБСЕ, имал директна улога во донесување ставови кои служеле на Србија, вршејќи притисок врз Косово, наместо да ја штити правната позиција на Приштина.

Приоритетите во инфраструктурата биле пренасочени, при што КОРИДОРОТ 8 бил занемарен, додека КОРИДОРОТ 10 бил фаворизиран како дел од стратегија за економска и транспортна поврзаност со Белград.

„Денес, ДУИ се обидува да го прикаже ВЛЕН како продолжение на „српскиот свет“, но фактите покажуваат спротивно: тие се главните извршители на планот за продлабочување на српското политичко, економско и дипломатско влијание во Македонија. ДУИ сака да се заборават сите средби и лични средби на Али Ахмети и Бујар Османи со Александар Вучиќ“, стои во соопштението на ВЛЕН.

ВЛЕН потенцира дека останува силно посветен на евроатлантската ориентација на државата и нема да дозволи Северна Македонија да стане дел од агенди кои ја оддалечуваат од ЕУ и НАТО.

Извор: Журнал.мк