
Мајка Македонија ќе плати, фала што ја ширите македонската култура (ХЕРОЈ НА ДЕНОТ)
Херој на денот за денеска е скопскиот таксист кој во знак на благодарност не му наплатил на познатиот Јанко од Колумбија кој пее македонски песни. Во моментот кога Јанко со неговата музичка група ,,Вардар Енди” сака да плати за возење со такси во Скопје возачот одбива да ги прими неговите пари.
Таксистот на Јанко му вели дека ,,Мајка Македонија ќе плати за возењето” и му искажува благодарност за промоцијата на македонската култура. Од видеото не може да се види од која такси компанија е возачот но на возилото се гледа дека е со број 3972.
Сопатниците на популарното Јанко и самиот тој не можат да се најдат што им се случува во Скопје.
Видеото од одбивањето на таксистот да земе пари