ШOK за цела Јyгocлавиja, Лепа Брена разочарана

Живот, Забава

Никој ова не го очекуваше. Лепа Брена во шок и неверување. Луѓето од ширум Југославија станаа на нозе во обид да и помогнат на Брена.

Имено, помладиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ, остана без жена. Тој повторно е слободно момче. Неговата девојка Сандра Милјаковиќ по две години врска му раскинала зашто не го бидува како Брена. За тоа сведочи и фактот дека синот на Брена ги избриша нивните заеднички фотографии од Инстаграм, но сепак се следат на оваа социјална мрежа.

Но, тоа не е сè. Живојиновиќ остана со своето семејство на црногорското приморје, каде ужива на јахта, додека неговата сега веќе поранешна девојка беше со пријателите на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад. Брена е веќе во депресија на јахтата, остана без снаа.

Ова не и е прв пат на снашката да мрда опавче, тие двајца често имаат бурен период во врската. Пред една година, Сандра го напушти Виктор затоа што наводно на неговиот телефон пронашла пораки дека разменувал со друга девојка. Тие успеаја да ги надминат несогласувањата и до неодамна ги немаа. Двајцата патуваа низ светот и објавуваа заеднички фотографии од егзотични дестинации секој ден, како и патувања по градови.

Неволјите во рајот се појавиле по неодамнешната прослава во ресторан во главниот град, каде што неговата мајка и Саша Поповиќ организираа забава по повод повлекувањето од „Гранд“. Тие тогаш беа заедно и немаше индикации дека ќе раскинат само неколку дена после тоа. Судејќи според фотографиите што Сандра ги објавува на социјалните мрежи, таа одлично се забавува со пријателите. Таму Сандра веројатно запознала „достојна“ замена за Виктор.