
ВЛЕН: Пообединети од кога било, нови политички случувања во земјата!
ВЛЕН денес повеќе од кога било го потврдува своето политичко и институционално единство. Сите партии и наши претставници се синхронизирани во визијата, целите и одлуките. ВЛЕН е обединето тело кое делува одговорно кон граѓаните и решително на политичката сцена.
Обидите на ДУИ да предизвикаат „земјотрес“ во ВЛЕН преку Таравари целосно пропаднаа. Обидот за раздор се претвори во политички бумеранг за самите негови автори. Ова докажува дека ВЛЕН не е случајна коалиција, туку сериозен политички проект со цврсти темели и јасна визија за иднината.
Денес, ВЛЕН гарантира стабилност со бројки во владата, претставувајќи важен столб на парламентарното мнозинство и на новиот пат на владеење што се поставува во државата. Посветени сме на унапредување на интересите на Албанците, на борбата против корупцијата и на создавање функционална држава за сите граѓани.
Во следните денови и недели се очекуваат нови политички случувања кои дополнително ќе ја зацврстат водечката улога на ВЛЕН во албанскиот политички блок и неговото позиционирање како авангардна сила на промените на политичката сцена.
ВЛЕН не се плаши од старите политички потреси. ВЛЕН е самиот земјотрес што го урива изгниениот систем на ДУИ и носи нов дух на достоинствено, чесно и храбро претставување.