
Богојески: И за Заев е подобро итна експертска влада
Петар Богојески на неговата фан страна ги коментираше резултатите од Преспа форумот во Охрид.
„После “Преспанскиот самит”, после силните пораки (ќотек за власта), најдобро за Македонија, а секако и за господинот Заев е да одиме на предвремени избори ‘21 год! (локални и парламентарни заедно)
Така тој ќе се спаси од срамот кој и го нанесе на нацијата и државата, а нацијата и државата ќе се спасат од него!
Итно да се формира ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА, со помош на САД брзо да затвориме “бугарско прашање” (еднаш засекогаш, веќе аман од тие) и да одиме на избори!
Новата Влада се надевам ќе има доволно капацитет да ги заврши преговорите со ЕУ за 5 години и конечно да стивне народот!
Спокој да дојде кај луѓето! Да започнеме да живееме во мир и слога! Така ќе Му бидеме помили на Бога!
запиша Богојески