
Талат крши, Заев молчи
Претседателот на македонскиот парламент се обрати на албански јазик пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“, иако според уставниот амандман 5 од 2001 година „на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“!
Иако според членот 7 од македонскиот Устав „на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“, Џафери се обрати на албански јазик на состанокот на Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), во соработка со постојаните делегации од Западен Балкан и претседателите на парламенти од Западен Балкан, со кој претседаваше Дејвид Мекалистер.
Во членот 7 од Уставот беше интервенирано со уставните амандмани, кои произлегоа од Рамковниот договор во кризната 2001 година. Тогаш со амандманот 5 беше уредена и употребата на јазиците на заедниците на локално ниво и во државните институции, за што во претходниот состав на парламентот беше донесен и нов Закон за употреба на јазиците, така што Џафери стана првиот претседател на македонскиот парламент кој има можност да ги води седниците и на албански јазик. Меѓутоа, иако Законот за употреба на јазиците ја унапредува употребата на албанскиот јазик на територијата на целата држава, македонскиот јазик останува службен јазик на државата во меѓународната комуникација, како што е предвидено со Уставот.
Дали со оваа постапка спикерот Џафери го прекрши и Охридскиот договор? Дали се откажува од него? Со тоа тој станува кандидат за црната листа на САД. Но во Македонија нема кој да преземе мерки. Талат крши Устав и Охридски договор, Заев молчи и се тетерави во сплетките во кои ја внесе земјава.