ЗОРАН ВРАНИШКОВСКИ станува заменик Архиепископ на МПЦ – ОА

РЕЛИГИЈА

Поранешниот расчинет владика Зоран Вранишковски, денес таканаречен архиепископ на непостоечката православната охридска архиепископија (ПОА) ќе се враќа во МПЦ – ОА, согласно спогодбата со СПЦ за признавање на нашата автокефалност.

Владиката Петар известува дека Зоран Вранишковски, кој се нарече Јован, нема да се пензионира, а другите двајца родоотстапници од неговата тајфа, наводни епископи од таа црква – брегалничкиот епископ Марко и кумановскиот владика Јоаким, ќе добиеле свои помошни епархии во МПЦ-ОА во склоп на постоечките.

Ова, на прашање на новинарот Мартин Богатиноски, го одговори митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар од МПЦ-ОА за време на неговото гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

За иднината на така наречениот епископ стобиски Давид, владиката Петар рече дека сѐ уште не е позната, но дека најверојатно ќе продолжи да биде викарен епископ во МПЦ-ОА или во Српската православна црква (СПЦ).

Интересно е што сите родоотстапници и предавници на македонската кауза, откако ќе се прошетаат по грчки, бугарски и српски дворови, секогаш се враќаат на покајание во Македонија. Така како Вранишковски ќе завршат и избугарените денешни клубисти низ Македонија.

– Прашањето за интеграција на ПОА во МПЦ-ОА ќе биде решено најдоцна до мајскиот Собор на СПЦ и тогаш ќе се знае кој и што ќе добие. Јас сега можам да кажам дека Јован нема да се пензионира и тој ќе продолжи да функционира како дел од МПЦ-ОА – изјави владиката Петар.

Дали расколникот ќе биде нов заменик Архиепископ на МПЦ – ОА, никој не може да знае, но тоа ќе биде огромно понижување за Македонците и опасност во иднина повторно да ја подели нашата света Црква на два дела. Еднаш предавник, секогаш предавник!