ВАЖНО: Откриен НОВ МОЗАИК во МАКЕДОНСКАТА палата во Ајга (Вергина)

ИСТОРИЈА

Грчките археолози открија нов целосен мозаик стар повеќе од 2.400 години, во срцето на старата македонска кралска палата на династијата на Агреадите, на Филип Втори и Александар Трети Македонски.

Според археолозите, огромниот мозаик им припаѓа на Оикосите во палатата Ајга во Вергина, Грција.

Тој бил изграден од Филип II (с. 359-336 п.н.е., татко на Александар Велики), и е еден од најголемите познати македонски мозаици.

Иако за време на Филип Втори, официјална престолнина на Македонското кралство била Пела, сепак македонските кралеви инвестирале во зачувување и проширување на старата престолнина на нивните дедовци, Ајга во денешна Вергина во Грција.