(Видео) НОВ СКАНДАЛ во судство, заевистите им дадоа црвен картон на САД

Македонија

И покрај сугестиите на амбасадорката Агелер од САД за ослободување на судството и обвинителството од партиски кадри, сепак член на партиската правна комисија на СДСМ Весна Дамева е избрана за нова претседателка на Судскиот совет.

И тоа изборот го направија заедно кадрите на СДСМ и ДУИ, после поделба на колачот, Судски совет за СДСМ, Специјално обвинителство за ДУИ. Буквално власта и тури корпа на Агелер. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против. Од гласањето се иззема Зоран Герасимовски, поради судир на интереси и како кадар на СДСМ поставен на 10 функции во судство.

Дамева доаѓа наместо на Павлина Црвенковска која исто така беше партиска инсталација на Заев во Судството, а минатиот вторник поднесе неотповиклива оставка од претседателската функција поради неспособност да избере ново раководство на Академијата за судии и обвинители по тефтерчето на Заев и Спасовски. Сега од Дамева, како искусна приправничка во некоја скопска судница, но јак партиски кадар, се очекува истото да го спроведе.

После овие силни кадровски освежувања во судството на амбасадорката Агелер и останува или јавно да повика на одговорност кај власта или да се слика. Толку ќе биде од нејзиниот успех за борба со криминал и корупција во земјава.

Новата претседателка на Судскиот совет Весна Дамева негира дека била член на политичка партија, а фотографијата каде што позира со членовите на СДСМ и со бившиот лидер на партијата, Зоран Заев не значи ништо за неа и не е доказ дека била дел од СДСМ. Тоа што била активна во правната комисија на партијата, било лук и вода.

Весна Дамева по изборот за прв човек на Судскиот совет пред медиумите рече дека со нејзината работа како приправничка во Суд, исто вработена од партија, докажала дека не е припадник на ниту една партија ниту пак вршела партиска функција.

– Јас како член на судскиот совет ниту сум имала влијание ниту сум имала притисоци. Интегритетот е личен штит во одбрана на таквите притисоци. Кога станав член на Судскиот совет ниту сум била член на политичка партија ниту сум вршела партиска функција.

Претпоставувам се работи за фотографијата што излезе во јавноста на која сум сликана со одредени лица во политиката. Јас со мојата работа досега докажав дека не сум припадник никаде и ве уверувам дека пред мене единствено стои законот. Не може од било која фотографија да се стекне впечаток дека сум била дел од партија.

Ние како граѓани како интелектуалци како дел од овој систем сме симпатизери, гласачи на избори. Јас на избори уште од 18 години учествувам преку гласачкото ливче. И како претседател на судскиот совет имам право да гласам на избори, тоа не би требало да остави сомнеж – истакна Дамева и остана жива.

И покрај изјавата на нејзината претходничка од СДСМ Павлина Црвенковска за влијанието на група од „судската бизнис-елита“, сепак Дамева како одлична приправничка на Заев, не знаеше за каква судска бизнис-елита се работи, но рече дека нејзин приоритет ќе биде сузбивање на корупцијата. Ова го повторуваат како папагали сите од СДСМ и ДУИ, после изјавата на Агелер на свето Калејавление.

– Таа кованица за првпат ја слушнав од Павлина Црвенковска. Не знам врз основа на кои факти тоа го кажува, но можеби се работи само за нејзина лична перцепција. Доколку претседател на Судски совет знаел за вакви релации морал да пријави, а вака се остава сомнеж во јавноста.

Мој личен приоритет е да успееме да направиме чекор напред во борбата против корупцијата. Злото наречено корупција мора да се сузбие и тука нема простување. Оној судија кој ќе биде корумпиран врз основа на докази за него ќе биде широко отворена вратата за излез од судсството. За корумпирани судии нема да има поправен испит – додаде Дамева.