МЕГА СКАНДАЛ: АПАСИЕВЦИ фатени со рачињата во МЕДОТ

СКОПЈЕ

Двајца браќа, советници од Левица во Општина Аеродром се осомничени дека вршеле рекет по кафулиња во општината, по што добиле и ќотек, тврди порталот Народен Глас.

Дарко од групата Пука Козметика, бил физички нападнат во кафуле во Ново Лисиче во Аеродром, се здобил со повреди и е на клинички центар каде му се прават анализи. Нападнат бил и неговиот брат близнак.

Тие се советници во општина Аеродром, а биле нападнати од газда на кафуле од кого побарале да плати комуналии на општината за кафулето и тој им се одмаздил за тоа.

Вакво лудило до сега не е видено! Советници одат по објекти да наплаќаат комуналии? Или да наплатат што?

Ова го изјави Горан Трајковски – Чиз исто така советник на Левица во Аеродром, на стримот на Инфомакс.

Од друга страна пак се шпекулира дека наводно го рекетирале угостителот и затоа изеле ќотек. И двете страни од приказната се пренесуваат во медиуми, без да се потврди од страна на општина Аеродром, каде градоначалникот Муцунски исчезна во акција.