ВЕОМА ЗБУЊЕН ЛИК: Не прифатил ама прифатил да биде директорЧе

АНАЛИЗА

Лицето Љупчо Зиков, директор за финансии и коменрија во МЕПСО, во не така далечниот 15ти август 2017 година изјавил дека ја вратил поканата и нема да биде директор за финансии и комерција во МЕПСО. Маж рекол, маж одрекол. Само каков маж е ова?!?

Во долгата објава на Фејсбук, на која повеќе се одвара на Заев од колку што одлучува (објавена на порталот „Сакам да кажам.мк“), Зиков напиша дека ја донел одлуката да не биде директор каде што е директор, замислете – поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство, откако на 6 август беше соопштена одлуката на Владата за неговото назначување на директорската позиција во МЕПСО.

„Да се каже најлошото за мене и моето семејство деновиве не се бираа зборови. Јавноста ја лажеа брутално. Многу пизма и зли мисли. Хипокризија. Инбоксот мој полн со клетви и конкретни закани… Се измислуваа разни проблеми и причини… Затоа решив да ја вратам поканата и да се заблагодарам. Не сакам мојот избор на било каков начин да ѝ наштети на имиџот на оваа Влада во чија програма и премиер силно верувам“, напиша Зиков на социјалната мрежа, возљубен во ликот и делото на Зоран Заев.

Меѓутоа, мистериозно во бракот помеѓу Заев и Ахмети, се роди ново директорче на МАПСО, а тоа да ти биде повторно истиот Љупчо Зиков кој нели силно ја одби функцијата и нема шанси по никоја цена да прифати државна работа.

Господинот Зиков менува политички опции, обично е секогаш со власта, а за таа цел беше и во партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски, која на последните избори коалицираше со СДСМ.

Инаку е познат како Љупчо, убавиот на слика!