КОЈ од тие 461 БУГАРИН е малтретиран зашто гласал за БУГАРИЈА?

Македонија

На последните избори во Бугарија, согласно нивниот изборен модел, право на глас имаа и Бугарите кои живеат и работат во Македонија.

Тоа гласање го покажа точниот број на Бугари во Македонија, кои изглегоа на избирачките места за да го остварат своето право на глас. Според податоците на бугарската ДИК, во Македонија има само 461 Бугари кои отишле до избирачките места и го дале својот глас.

Според нивните податоци, најголем број на Бугари имало во Скопје (172), па следува Кавадарци (68), Струмица (67), Охрид (56), Битола (53), Прилеп (33) и во ново-отвореното гласачко место во Велес најмалку односно само 12.

Според последните изјави од страна на Бугарија, особено од заменичката на Радев, госпоѓата Јотова зборува за малтретирање и заплашување на преку 100.000 Бугари во Македонија кои поседувале бугарски пасош.

Но, самите тие ја демантираат Јотова, со самото искористување на своето право на глас, за кое таа тврди дека се плашеле да гласаат. Дали најмногу се плашат т.н. економски Бугари во Македонија, кои земале бугарски пасоши за да најдат работа во европски земји?

До сега не се појави ниту еден „малтретиран Бугарин“ кој ќе каже дека му било претено доколку излезе на гласање или дека ќе има било какви последици од таков чин. Не се појави ниту еден Бугарин од Македонија, кој посведочи на било какви притисоци од македонските власти.

Единствено едно од лицата на сликата (крајно лево) се пожали на напади врз неговиот бизнис за продавање на свеќи на гробиштата во Битола, за потоа МВР да утврди дека станува збор за семејна драма во која бил нападнат од неговата сопруга, која ја малтретирал и и’ се заканувал дека децата ќе и ги однесе во Бугарија.

Единствено македонскиот МНР Бугар Османов изјави дека не му се допаѓале политиките кон Бугарија, имајќи во предвид да Албанците од земјава застанаа на бугарска страна, а против своите соседи Македонци.