МИЦКОВСКИ Е ЗЕМЕН ВО ЗАЛОЖНИШТВО, тврди Ковачевски

Македонија, Политика

Премиерот Димитар Ковачевски го критикуваше лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Кажа дека Левица и нејзиниот претседател се вистинската опасност за продолжување на нашиот европски пат.

„Уште поголема опасност е што таа партија го зема во заложништво и ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател, бидејќи е слаб, без став и без визија, а таков човек лесно може да биде земен во заложништво“, изјави македонскиот премиер.

Рече дека на таков политички пироман не смее да му се дозволи да го прекине европскиот пат на државата.
Премиерот рече дека уставните измени значат продолжување на европскиот пат на државата, а тоа сега зависи исклучиво од 120-те пратеници, кои имаат одговорност.