
ПОЕНТА НА ДЕНОТ: Македонија, Алиса во светот на чудата!
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Македонците се ограбени! Буквално, до гола кожа.
Грабежот им ги приредија нивните политичари. Буквално, оние кои самите си ги избираат преку лично гласање.
Политичарите се богатат народот гладува.
ВМРО ДПМНЕ и СДСМ отворено се караат, која партија повеќе украдила од народот.
Буквално пред очите на украдените.
Арамиите се натпреваруваат на отворена сцена пред очите на народот, кој е поголемиот и поуспешен во негово ограбување.
Тоа ли е таа последна фаза од развојот на демократијата во Македонија?
Пред очите на тие кои си ги ограбил, да се расправаш колку си ги ограбил, а тие упорно да те гласаат за да продолжиш со грабежот.
Македонија, Алиса во светот на чудата!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!