
(ФОТО) Грчка политичарка „жари и пали“ каде и да се појави, дали е моментно најзгодната политичарка во светот?
Ева Каили е родена на 26 октомври 1978 година во Солун, таа е политичарка на Панеленското социјалистичко движење (ПАСОК).
Таткото на Ева, Александрос Каилис, е роден во Истанбул, а мајка ѝ, Марија Игнатијаду, по потекло од Мала Азија, пораснала во Иматија.
Таа беше избрана за потпретседател на Европскиот парламент на 18 јануари 2022 година со 454 гласови.
Завршила студии во Солун и се стекнала со диплома за архитект. Потоа станала докторант по политичка економија. Во меѓувреме, дипломирала и економија на Харвард и студирала на Грчката школа за новинарство.
Пред нејзината политичка кариера, Каили била добро позната водителка на вести на каналот Мега од 2004 до 2007 година.
Подоцна била консултант за комуникациска стратегија на грчките фармацевтски компании и една од најголемите медиумски групи од 2012-2014 година.