(Линк) БОГОЈЕСКИ до Фон дер ЛАЕН: Да не ти се повтори „грешката“!

Европа, Македонија, Политика

Лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески денес твитна интересна порака до претседателката на европската Комисија Урсула Фон дер Лаен.

Тој преку дирекна порака до неа, во која ја има и тагнато, користејќи ја социјалната мрежа твитер и порача да не и се повтори истата „грешка“ повторно!

„Драга Усрула, јас сум Македонец, не северномакедонец!

Ве молам, не ја повторувајте „грешката“ повторно! – напиша Богојески.

Претседателската на ЕУ Комисијата Урсула повторно не навреди, по кој знае кој пат при посета на Македонија и на прес конференција во присуство на премиерот Ковачевски и куп новинари и министри, таа не нарече северномакедонци.

До сега освен реакцијата на Богојески и обидот за правдање од министерот Бугар Османов, сите политичари во земјава молчат!