
(Видео) МПЦ – ОА си гази, КАНОНИЗИРАН уште еден СВЕТЕЦ Кирил Лешочки
Македонската Православна Црква, Охридска Архиепископија прогласи уште еден македонски светител преподобен Кирил Пејчиновиќ, игумен Лешочки, кој во диптихот на нашите светии ќе биде запишан како Свети Кирил Лешочки.
Денеска во Тетово беше канонизиран за Светител Преподобниот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки. Негов ден за празнување во календарот на МПЦ ќе биде 25 март по државниот грегоријански календар, соопштуваат од Тетовско – гостиварската Епархија.
Со литургијата чиноначалствуваше Архиепископот Стефан и најголем дел од владиците на МПЦ-ОА.
На прогласувањето за Светител на Пејчиновиќ немаше гости од ниту една од сестринските православни цркви, ниту од СПЦ на чии чествувања се почесто гледаме македонски владици, за жал придружени од претставници на црквата на Зоран Вранишковски.
На светата литургија покрај голем број верници присуствуваа Бискупот на Католичката Црква во Македонија д-р. Киро Стојанов, министерот за внатрешни работи Оливер Обиџуко Спасовски, директорот на Комисијата за верски прашана Даријан Сотировски, пратеници од собранието, лидерот на Македонски Концепт Петар Богојески и претставници на други политички партии, членови на Советот на општина Тетово.
На следен линк може да го проследите обраќањето на поглаварот на МПЦ ОА, архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима господин господин Стефан: