
Путин подготвува НУКЛЕАРЕН ТЕСТ, еве кои се плановите според разузнавачките служби
Путин наводно ги подготвува своите вооружени сили да извршат нуклеарна проба на границите на Украина, пишува британски „Тајмс“ кој цитира соопштение испратено од НАТО до земјите-членки.
Станува збор за разузнавачки извештај во кој се предупредува на можни дејствија од страна на Москва, вклучително и тестирање на подморницата Посејдон, опремена со атомска боева глава.
Најверојатната демонстрацијата на сила на Путин со употреба на нуклеарно оружје ќе се случи во Црното Море. Но, „не е невозможно“ лидерот на Кремљ да употреби нуклеарно оружје на границата на Украина.
Во тој случај, сепак, ризиците за Русите се поголеми: „Тие би можеле да направат грешка и случајно да погодат руски град во близина на украинската граница како Белгород“, вели изворот.