ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА И ТОП ГАН ОД АРАЧИНОВО

Добро утро, Македонија, Политика

ВЕТЕНО – СТОРЕНО „ПИЛОТИТЕ“ ПОВИКАНИ НА РЕГРУТАЦИЈА

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Уште еднаш СДСМ докажа на  своите гласачи дека ги исполнува заевите предизборни ветувања. Секојдневно сме сведоци на пакоста која ја нанесе Заев со својата пазар-политика на штета на македонските граѓани, па и овој скандал ќе си го прифатиме како дел од истата.

СДСМ ги повика сите „сонародници“ од Арачиново кои се пријавени на огласот од Министерството за одбрана  да се пријават кај нивниот раководител на огранокот.

Имено, на 14 септември Министерството за одбрана објави Јавен оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата.

СДСМ и Министерството за одбрана се огради од повикот кој се споделува на социјалните мрежи. Арно ама, кога „ќе забегаш“ и „опиеш“ од власт се случуваат и вакви скандали. Луѓето си го бараат ветеното. Толку „му делиле“ за да направат разлика  дали тоа треба да го објават или не на партиски официјална страна.

Тие се однесуваат онака како што всушност и функционираат. Социјалните мрежи ги користат за поефикасно спроведување на целите. Им кажале да си направат партиски список и да си појдат на „интервју“ кај раководителот на партискиот огранок.

Тој, да не ги бара поединечно решил да ги повика преку соопштение на партиската фејзбук страна, имајќи предвид дека пријавените се фоловери на истата. А и тоа ќе му биде од корист при изборот, кој не ја лајкнал страната, нема да знае дека треба да оди  на интервју кај Харацин! Нема љутиш. Нема лајк нема „да го леташ“! We are NATO – нели?!

Министерството за одбрана информира дека процесот на пријавување и селекција за конкурсот за прием на професионални војници се спроведува согласно професионални норми и стандарди и МО и Армијата не дозволуваат какви било партиски или друг вид на влијание.

Истовремено, Министерството за обрана ги повикува политичките партии да се воздржат од какви било притисоци или влијанија врз сегашните и идните припадници на Армијата.

Сеуште ни се свежи сеќавањата за бурните реакции на социјаните мрежи за ветувањето од страна на Зоран Заев за вработување на 300 пилоти од Арачиново.

Наводното предизборно ветување за вработување на 300 пилоти од Арачиново три дена предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Некој беше сериозен, па броеше колку пилоти има во Македонија вкупно, други само се потсмеваа и прашуваа колку морнари ќе се вработат во Македонски Брод.

Тогашниот премиер Зоран Заев  излезе со објаснување дека ветил пилот проекти за вработување, а не вработување на пилоти.

За оние што се склони да му веруваат, објаснувањето беше доволно уверливо и си му даваат доверба сеуште. Којзнае што уште ќе видиме и што уште ќе чуеме! Додека беше смешно мислевме дека не е опасно ама ова е веќе трагично и погубно. А најголема трагедија е што нема кој да ги сопре во пустошењето. Оставени се како „паши“ да управуваат со државата. Господ да ни е на помош!