
УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Данела се шлае со директорката, а ГЛУВЦИ растураат низ ЈБТ
Никако да престанат скандалите во скопската гимназија Јосип Броз Тито. После откриените финансиски скандали на директорката на ова училиште, фале уште брканица на глувци низ ходниците.
Сега се поставува ново прашање, колку пари се платени за дезинфекција, дезинсекција и дератизација и на која фирма од страна на истата директорка?
Дали и таа е една од омилените фирми на директорката Кржовска, која самите колеги од партијата ДОМ ја нарекуваат жената од криминалното крило на партијата?
Колкава сума и на кој тендер се потрошени средства за таа намена и дали учениците во Гимназијата ЈБТ се изложени на зараза и труење, како резултат на фактот што објектот е полн со стаорци?
Кој треба да води грижа за здравјето на нашите деца, ако тоа не е токму директорката на таа гимазија, како најодговорно лице?
До каде е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да провери во која сосотојба и се гимназиите по Скопје?
Кога ќе биде разрешена и кривично гонета оваа директорка, миленичка на власта?
Данела, граѓаните чекаат одговор дали принципите на борба против криминал и корупција важат за сите?
Глувците ќе не изедат по скопските гимназии, погледнете урнебесно видео: