
ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Русите силувале, измачувале и убивале жени и деца, нова масовна гробница
Светот е потресен од нова катастрофа, нов срам врз целото човештво. Ордите на диктаторот Путин откако во освоиле градот Изјум во Украина, вршеле масовни злосторства против човештвото, измачувале и силувале жени и деца, највеќе од нив ги убиле и фрлиле во масовна гробница во блиската шума до градот.
Новата масовна гробница е откриена во ослободениот град Изјум во харковската област во Украина. Ослободителните сили на Украина открија ужас, масовна гробница во блиската шума, каде се фрлале телата на стотици убиени жители на тој град, меѓу кои жени и деца кои умреле од насилна смрт.
Во исто време биле масовно убивани дечиња од локалните школи и фрлани во истата јама. Жителите сведочат за ужасот кој го доживеале од злосторничките орди на антихристот Путин. Голем дел од нивните родители исто така се убиени и фрлени во истата или слични јами, кои дополнително се откриваат.
Откриени се стотици тела, а според официјалните информации на форензичарите, до пред два дена екскумирани беа најмалку 440 убиени жители. Сите до еден се убиени од злосторничката руска армија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вчерашно обраќање побара од светот да се заложи, Русија да одговара за овие злосторства, и ги повика светските медиуми денеска да дојдат на местото и да известат што се случувало додека градот бил под контрола на руските воени сили, за светот уште еднаш како што рече да ја дознае вистината што навистина се случувало и до што довела руската окупација на неговата земјата.
Погледнете дел од изјавата на Зеленски: