
КОЈ Е ЗА ЖАЛЕЊЕ, Илми од Арачиново или Трпе од Живојно прашува Богојески
Откако министерот за неекономија Бектеши изјави дека е греота да се обвинуваат арачиновци дека се крадци и дека немало да има проблем со плаќање на струјата ако луѓето имале пари од каде да платат, со своја реакција се јави Богојески.
Кој е за жалење, Илми од Арачиново или Трпе од Живојно? – прашува Богојески.
Оној Илми со куќа од 500.000 евра за која не платил ниту комуналии, ниту земја, ниту данок, и кола од 80.000 евра за чиј увоз исто така не платил царина на партиската царинска служба на Блаце или Трпе со куќа од 10.000 евра, заедно со дворно место, во која приклучокот за струја е од 1946 година и кола од 2.000 евра, Југо корал од 1965 година.
Сега требало да го сожалуваме Илми дека немал од каде да плати струја, која тој ја троши, а Трпе треба да го оставиме да умре за корка леб, битно мора да ја плати и струјата која Илми ја троши?
Ако Трпе не плати, следен ден веднаш е исклучен од напојување, на врата дваесет извршители, а ако Илми не плати, тогаш Владата од џебот на трпевци ќе плати! Па каде го има ова? – прашува Богојески.
Јас не викам дека во Арачиново нема сиромашни и чесни граѓани, на кои треба да им се помогне, ама ова лудило има да прекине и тоа по брза постапка! Ова веќе на ништо не личи!
Македонски Концепт вакво однесување нема да толерира, никогаш, па ниту тогаш! Тоа ќе стане длабоко минато, а трпевци ќе бидат обештетени за неправдите кои им се нанесени од оваа криминална власт! – заклучува Богојески.