
АЛБАНЦИТЕ се БУГАРИ ако сакаат да бидат Илири, тврди БУГАРСКАТА НАУКА
После потпишување на Протоколот за бугаризација на Македонија од страна на министрите Бугар Османи и Генчовска, во Бугарија се објави историската вистина која тврди дека Албанците се Бугари по род, со самото тоа што тврдат дека се Илири, кои се дел од прастарите Болгари.
Ова тврдење на бугарската наука доаѓа од објавените дела на бугарските преродбеници, особено цитирани од страна на Бугарската академија на науките, како историски извори во преговорите со Македонија, пред се на Спиридон Габровски, современик на Паисиј Хилендарски и останати првопреродбеници.
Според овој автор, „нашиот славобугарски народ е многу тешко да ја знае вистината и да го најде коренот на својата лоза и од кое племе потекнува. И не само Бугарите, туку и целата словенска раса, бидејќи тие во античко време немале списи на свој јазик, туку наоѓаме списи од туѓи јазици, односно од туѓи летописи. На странски јазици пишуваа за своите, а само за некои случки пишуваа за нашите, и ако пишуваа, не беше се исто и точно, затоа реков дека е многу тешко.“
Бугарската наука се повикува на Свети Димитриј Ростовски, кој во својата хроника пишува вака: од шестиот син на Јафетов – Мосох – потекнуваат Кападоките, Мисини, Илирите, а од Мосох потекнува целиот словенски јазик. Светиот пророк Езекил донесува и сведочи, говорејќи точно дека Мосох бил руски принц: сепак, некои не се согласуваат; некои (велат) дека тој не бил од Мосох, туку од Рифат, синот на Гомер; други (вели дека) од Догорм братот на Рифат; а уште други (велат) од Сармоф, правнук на Арфаџад, синот на Сем.
А за нашиот бугарски народ пишуваат дека Бугарите дошле од реката Волга во летото Господово 428. И откако војувале во Дакија, т.е. Влашка, во летото Господово 484 година го преминале Дунав и ја освоиле Мисијата т.е. Доброџа.
Бугарската академија во тврдењето дека Албанците се Бугари, бидејќи тие самите се идентифукуваат со Илирите, кои се всушност прабугари, се повикува на повеќе хроники, „А во една друга хроника пишува дека Бугарите дошле во Дунав од Азовското Море во времето на кралот Валент, и кога го побарале Валент, тој им дал земја и тие се населиле покрај Дунав. Друга хроника вели дека Дакијци и Мисагити дошле од северните земји и се населиле на двете страни на Дунав.
Во својата хроника, Јоан Зонар конкретно ги нарекува Даките и Србите Мисагити Бугари; а во друга хроника пишува: а Мисагите дошле во летото на создавањето мир 4522 година (986 година пред Христа) и се населиле од двете страни на Дунав, а оваа (земја) по нив се викала Мисинија. На југ од Дунав се наоѓа Големата Мисинија, а на север е Мала Мисинија. И набргу откако дојдоа, поставија цар по име Илирик. И тогаш оваа земја беше наречена Илирик, земајќи го името на кнезот Илирик.
И откако помина долго време, во летото на создавањето мир 4785 година (=723 пред Христа), од родот на Илирик се родија два сина: едниот по име Болг, а другиот Брем, односно двајца браќа; тие не можеа да живеат заедно, туку ја поделија земјата и Брем ја зазеде (земјата) северно од Дунав, а Болг јужно од Дунав. Народите кои потекнувале од Брема се нарекувале Бреми или Пеми, а од Болга – Болгари / Бугари. Словаците дојдоа од Пемите, а Србите од Бугарите. Сите овие народи се Илири.
За тоа сведочат античките летописи: „Буфиер Франциск, географот, зборувал: каде што порано била земјата на Мисијата, сега се нарекува Србија и Бугарија, а каде што била наречена Илирик, сега се нарекува Славонија“. И пак Барониј вели дека има град во Илирик, односно во Мизија и Дакија, наречен Сардика, сега се вика Средец, бил бугарски главен град среде Бугарија.
И пак унгарската хроника вака зборува: чешкиот кнез Брем дошол од Илирик, каде што била целата словенечка војска и каде што се населил целиот бугарски народ; и отиде на запад да бара земја за себе во германските земји, и се насели меѓу реките Висла и Албин и Висурка, односно Венцера, за кои се знае дека се наоѓаат во германската земја, и на овие води изгради силен град и го нарекол Бремен или Квик, т.е се ослободил од товар. Ова е сведоштво дека Словените, Бугарите и Чесите се сите илирски народ.
А ако некој каже дека Илирите не се словенски народ, тоа ќе го докажам со сведоштво слушнато во времето на римскиот крал Диоклецијан. Овде Скарг малку отстапува од Баронија, зборува за антиката на нашиот словенски народ вака: „и до оваа година можеше да се сомневаме што е овој народ што се нарекуваат Словени или Склавини, или Словени, или Бугари, или Бемиси. За нив се спомнува во хрониките од пред неколку векови пред Грците и Далматинците, кои се населиле и во Тракија кај Константинопол и во други земји, дури до Панонија и Илирија.
Според бугарската наука, Спиридон Габровски тврди дека дел од овие стари бугарски земји сега е унгарска земја, „но и до оваа година кога ќе дојдеме и кога ќе ги прочитаме француските хроники, не можеме да се сомневаме дека овие народи се наши: полски Чеси, Руси, Словенци, Бугари, Хрвати, Далматинци и други. Затоа што Германците уште ги нарекуваат Чесите „Бенами“, а ова е името на нивниот лидер – Лион. Овој народ го сметаа за почеток, а нашиот, рече, имаше слично име“.
И за погодност се разбра дека овие народи потекнуваат од овие земји, што сега е полска, чешка, руска и московска земја, дури и до Волга – од неа (се спуштиле) Волгаргите или како што се нарекуваат Бугари; и таму, во источните земји каде што се намножиле, овде повторно овие народи делумно се вратиле во своето прво населување. Буквално: кога биле протерани од Тројанскиот Цезар, дошле во Русија.
Во времето на Валента се вратија, сакајќи ја својата татковина, и колку војни водеа со Хуните, кои сега се нарекуваат Унгарци, покажувајќи ги нивните антички, (Полстија) региони; а ние имаме маало со нив“. Ова го напиша Скарг.
Извадените цитати од делото за бугарските народи на Спиридон Габровски, јасно и недвосмислено потврдуваат дека Илирите се старите Бугари, кои се извор на сите денешни народи на Балканот. Со оглед на фактот што модерната албанска наука тврди дека Албанците се староседелци Илири, тоа значи дека се дирекни потомци на старите Бугари, што се гледа од мапата на бугарските земји, каде Албанија е дел од стара Бугарија.
После потпишаниот протокол помеѓу Македонија и Бугарија, во разговорите за потеклото на народите и историските факти за Македонија, ќе се отвори и прашањето за бугарското потекло на Албанците, кои доколку не ја прифатат оваа докажана со факти и документи историска вистина, тогаш ќе добиеме ново ВЕТО од Бугарија, само поради тоа што Албанците не сакаат да ја прифатат вистината за себе.
Поради одбивање на историската вистина, Албанците треба да прифатат дека се Кавказки Албанци или Бугари, или со неприфаќање на едена од тие вистини, тие ја ризикуваат европската иднина на Македонија.