Урсула фон дер Лајен нема одговор на прашањето чиј јазик е македонскиот јазик

Македонија

Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа, објави денеска на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Претходно денеска портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант одби да даде прецизен одговор дали Европската Унија го признава македонскиот јазик.

Одговарајќи на новинарско прашање Спинант рече дека вчера претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен говорела за „јазикот што го користат луѓето во Северна Македонија“.

Изјавата на претседателката значи тоа што значи. Таа зборува за јазикот користен од луѓето во Северна Македонија, што таа го нарекува македонски јазик.

За импликациите што ова ќе го има за нешто што е повеќе техничко како, на пример, Договорот за Фронтекс, ќе прашам, проверував за да видам дали има нешто ново, но нема. Ќе проверам дали има нешто ново и дополнително ќе ве информирам, сега засега нема ништо ново – рече Спинант.