ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ: Што се треба да исфрлите од вашиот живот…

Lifestyle, ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ, Живот

Сами ја саботирате сопствената СРЕЌА И УСПЕХ: Правилото на седумте „О“ кажува што се треба да исфрлите од вашиот живот.

По природа, луѓето имаат тенденција да ја обвинуваат околината и околностите за нивните неуспеси или неостварени животи, а малку луѓе се свесни дека тие имаат лошо влијание врз сопствениот живот.

Ова лошо влијание доаѓа од погрешните вредности, ставови и размислувања кои го одвлекуваат вниманието од важните работи во животот и чекорите кои се потребни за да напредувате со животот на сите полиња.

Правилото на седумте „О“ може да ви биде водич за тоа каде грешите и зошто се саботирате себеси. Никој не е совршен и сите грешат, но добрата работа во животот е што патот на човекот може да се менува секој ден.

Работењето на себе е исклучително важна работа, а кога ќе прочитате кои работи веројатно ги правите и на тој начин се задржувате на своето место, размислете добро. Апсолутно сите се склони кон нив, па ако ги правите, обидете се да се фатите во моментите кога тоа ќе се случи и престанете. Со нив си наштетувате себеси повеќе од кој било друг.

sreca-1

1. Оценки – Убавината на овој свет е што сите сме различни, па затоа треба да престанете да ги осудувате другите луѓе врз основа на нивниот изглед, успех или било што друго. Исто така, престанете да се оценувате врз основа на други луѓе, односно да се споредувате со другите.

2. Незадоволство – Ова е многу штетно чувство кое буквално ви ја труе душата и ве принудува да се фокусирате на сите негативни аспекти од вашиот живот. Наместо да ги обвинувате другите и да барате оправдување за себе, размислете што треба да направите понатаму за да продолжите напред во животот. Простете им на другите за лошите работи што ви ги направиле и радувајте се на нивните успеси.

3. Осудување – Се додека не сте во ситуација на некоја личност, не можете да знаете како се чувствува, како живее и зошто го прави тоа што го прави. Обидете се да најдете разбирање, наместо да ја трошите сопствената енергија судејќи ги другите луѓе. Осудувањето е нешто што го спречува човекот да расте, да се развива и да напредува.

4. Одрекување – Секогаш преземајте одговорност за вашите постапки, без разлика колку грешите. Ова е знак на зрела и храбра личност.

5. Очекувања – Не очекувајте ништо од себе, од другите или од животот, особено кога се работи за далечни работи и долгорочни планови. На овој начин ќе се ослободите од потенцијалното разочарување, доколку тоа се случи.

6. Ограничувања – Верувајте во себе и не дозволувајте себе или другите да ви кажуваат што и колку можете сами да направите.

7. Обожување – Идолите и примерите се една работа и сосема е во ред да имате личност на која се угледувате, но не треба да правите „богови“ од другите луѓе и да ги славите, кои и да се тие.