Чешкиот амбасадор во Македонија со свилена официјална изјава: Како му свират, така и игра!

Изјави

Амбасадорот на Чешка во земјава, Јарослав Лудва вели дека неговата држава, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ, е подготвена да придонесе за мазно спроведување на францускиот предлог веднаш штом биде одобрен од Македонија.

Чешка отсекогаш била силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија.

Како претседателство со Советот на ЕУ, подготвени сме да направиме се што можеме за да придонесеме за мазно спроведување на преговарачката рамка предложена од претходното француско претседателство и да организираме меѓувладина конференција веднаш откако таа ќе биде одобрена од Република Северна Македонија – вели чешкиот амбасадор на прашањето на „360 степени“ за официјалниот став на неговата влада.