И СЕ СЛУЧИ НАРОД, илјадници граѓани ги погребаа француските лаги

Македонија, СКОПЈЕ

Во текот на вчерашниот ден, на повик на целата јавност, пред Владата на Република Македонија се случи масовен граѓански протест против „француските лаги“ за иднината на Македонија.

Без разлика на говорници и организациски слабости, граѓаните таму пристигнаа своеволно неорганизирано, илјадници од сите страни, особено цело Скопје излезе на протест, како никогаш до сега!

На народот му е преку глава, пораката е испратена до власта! Нема назад, одиме до крај, се изјавите на протестирачите. Македонија на Македонците, Европска Македонија, Слободна Македонија, ечеше пред Владата која ги распродава македонските национални интереси.

Срамно од страна на власта, се обиде на секој начин да го минимизира граѓанскиот собир, со пласирање на лажни вести и информации од самото место, особено лажни слики од моментот кога граѓаните започнаа да се собираат!

Зарем има некој граѓанин кој сеуште верува на овие мизерни владини пропаганди? Не поминуваат веќе лагите! Народот се разбиди!

Граѓаните го кажаа своето, сега на власта е да исполни се што кажаа!