ТАЧЕ СВИТКА ОПАВЧЕТО, моли за средба со МИЦКО, а до вчера не прифаќаше

Политика

После огромниот граѓански протест во Скопје, на кој се појавија илјадници граѓани од сите етнички заедници или со различни политички убедувања, дознаваме дека помошникот на премиерот Таче свиткал опавче и се јавил кај Мицко да моли за средба.

Иако истиот тој Таче пред само две недели даваше изјави дека не е прифатлива средба за него со опозицијата, особено со Мицко за предвремени избори, сега граѓаните го принудија на повлекување!

Денес ќе се одржи таа фамозна средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која сама по себе ништо не значи, доколку повторно се сведе на партиски пазари.

Средбата ќе се одржи во Клубот на пратеници, неутрален терен, во 15 часот.

Според информациите, оваа средба е на барање на Ковачевски, кој ќе се обиде да изрелативизира и граѓанскиот отпор да го претвори во партиски пазари за предвремени избори, само да помине француската лага во парламент или премолчено од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Сега е моментот опозицијата предводена од Мицкоски да му постави ултиматум на Ковачевски, до вечер 00.00 часот, францускиот предлог да исчезне од Македонија!